ПРИСТАП ВО ПРОЕКТИРАЊЕТО

  • Оформено во 2008, Формика плус е биро кое се труди да понуди поквалитетен пристап и краен резултат во проектирањето. Комбинацијата од искусни архитекти и млади архитекти, професионалноста и креативноста, нуди можност секој проект да добие функционално решение со уникатен и современ изглед. Се трудиме да ги задоволиме потребите и желбите на секој клиент, да понудиме што е можно поквалитетно енергетско решение, оптимизирана конструкција и употреба на материјали, како и лесно непрекинато движење и детално разработена просторна организација кај секој објект.

    Преку флексибилен пристап во процесот на проектирањето и секојдневните контакти со клиентите, имаме можност подобро да ги запознаеме нивните идеи и размислувања, а со тоа да понудиме квалитетно и прилагодено решение кое во целост се совпаѓа со пропишаните стандарди и регулативи.

Полиња на работа

  • Формика плус нуди професионални услуги во полето на архитектурата и проектирањето.

    Сите наведени услуги се подразбираат за индивидуални куќи, мали и големи станбени згради, деловни објекти, индустриски и складишни објекти, здравствени установи и општествени објекти

    • Изработка на идејни проекти
    • Изработка на основни проекти
    • Ревизија на проектна документација
    • Консултански услуги и инженеринг при градба

Лиценци

  • Фирмата ги поседува лиценците:

    • Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија
    • Лиценца Б за проктирање на градби од втора категорија
    • Лиценца Б за ревизија на проектна документација
    • Лиценца Д за надзор над изградба на градби

ТИМ

Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 1980.

Веднаш по завршувањето се вработува во Македонија Проект, една од најголемите проектантски фирми во тоа време. Низ долгогодишното искуство како одговорен проектант работи на проекти од секаков тип, но особено задоволство и претставува работата на општествени и индустриски објекти. Нејзините менаџески способности и афинитетот кон превземање на одговорности и ризици, придонесуваат да стане Раководител на групата Архитектура, а подоцна и Заменик деректор на фирмата.

Во 2008 година ја основа Формика плус и работи како одговорен проектант, проектен менаџер и управител на истата. Особено задоволство пронаоѓа во тимската работа со млади архитекти и проектанти и несебично го споделува искуството и знаењето со нив, особена важност придава на контактите со клиентите и ужива во координирање на останатите колеги проектанти или инжењери вклучени во проектот.

Добитник на многу награди и признанија во полето на архитектурата.

Снежана Илиевска

Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2011.

Истата година станува дел од тимот на Формика Плус, каде што и пред вработувањето извршуваше стручна пракса. Особено ја цени тимската работа, креативниот процес на создавањето на еден проект и контактот и менаџирањето на сите соработници до другитите фази на проектот.

За време на нејзините студии извршува стручна пракса во фирмите: DELTAPLAN во Прага и Ателје Ајвар во Скопје. Како дел од студентски тим има добиено награди на повеќе ISOVER конкурси за енергетски ефикасни објекти.

Нејзината волонтерска работа во полето на неформалното образование кај студентите архитекти преку научно-истражувачки патувања нив Европа, како и работата за Скопската недела на архитектурата, ја покажуваат нејзината желба за постојан контакт и пратење на современите архитектонски трендови.

Марта Зафировска

краток опис

Весна Попоска



Надворешни соработници

Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2011.

Истата година станува дел од тимот на Формика Плус, каде што и пред дипломирањето извршуваше стручна пракса.

За само 2 години, стекнува особено искуство во полето на архитектурата и станува нераскинлив дел од тимот. Интересот за проектирањето е примарен, но со особен интерес ги превзема и обврските околу решавање на градежните детали, изготвување на предмер пресметките и контакт со останатите фази на еден проект.

Во 2013 година одлучува да се надгради во полето на градежната индустрија,но продолжува да работи како постојан надворешен соработник - проектант на Формика плус.

Како дел од студентски тим има добиено награди на повеќе ISOVER конкурси за енергетски ефикасни објекти.

Александар Боцевски

Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2009.

По завршувањето на студиите запишува магистерски студии по архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и почнува да работи како асистент на факултетот.

Желбата за проектирање и стекнување на практично искуство, како и спроведување на светските искражувања и трендови во архитектурата и нивно прилагодување на домашните услови, е основната мотивација за негово инволвирање во тимот на Формика плус, веднаш по завршувањето на студиите.

Оливер Илиевски



Награди

    • Голема годишна награда за архитектура за 1999 год. за објект – Деловен Центар Лек- Скопје
    • Прва награда на Конкурс за типски станбени објекти за Станбен блок
    • Втора награда на Конкурс за типски станбени објекти за Станбена кула
    • Трета награда на Конкурс за типски станбени објекти за Станбен низ
    • Прва награда на Конкурс за Центар за едукација на Телеком во Охрид

Соработки

    • Skopje Architecture Week
    • ECHARRIS Белград
    • IAESTE Македонија

Членства

    • Асоцијација на архитекти на Македонија
    • Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија

Листа на проекти

  • glyphicons_001_leaf

    Branding

    Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error sit voluptatem accusantium doloremque laudantium, totam rem aperiam, eaque ipsa quae ab illo inventore veritatis et quasi architecto beatae vitae dicta sunt …

  • glyphicons_019_cogwheel

    Marketing

    Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error sit voluptatem accusantium doloremque laudantium, totam rem aperiam, eaque ipsa quae ab illo inventore veritatis et quasi architecto beatae vitae dicta sunt …

  • glyphicons_326_share

    Web Design

    Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error sit voluptatem accusantium doloremque laudantium, totam rem aperiam, eaque ipsa quae ab illo inventore veritatis et quasi architecto beatae vitae dicta sunt …



architecture + design