ПРОФИЛ


Пристап во проектирањето

  • Оформено во 2008, Формика плус е биро кое се труди да понуди поквалитетен пристап и краен резултат во проектирањето. Комбинацијата од искусни архитекти и млади архитекти, професионалноста и креативноста, нуди можност секој проект да добие функционално решение со уникатен и современ изглед. Се трудиме да ги задоволиме потребите и желбите на секој клиент, да понудиме што е можно поквалитетно енергетско решение, оптимизирана конструкција и употреба на материјали, како и лесно непрекинато движење и детално разработена просторна организација кај секој објект.

    Преку флексибилен пристап во процесот на проектирањето и секојдневните контакти со клиентите, имаме можност подобро да ги запознаеме нивните идеи и размислувања, а со тоа да понудиме квалитетно и прилагодено решение кое во целост се совпаѓа со пропишаните стандарди и регулативи.

Полиња на работа

  • Формика плус нуди професионални услуги во полето на архитектурата и проектирањето.

    Сите наведени услуги се подразбираат за индивидуални куќи, мали и големи станбени згради, деловни објекти, индустриски и складишни објекти, здравствени установи и општествени објекти

    • Изработка на идејни проекти
    • Изработка на основни проекти
    • Ревизија на проектна документација
    • Консултански услуги и инженеринг при градба

Лиценци

  • Фирмата ги поседува лиценците:

    • Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија
    • Лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија
    • Лиценца Б за ревизија на проектна документација
    • Лиценца Д за надзор над изградба на градби



architecture + design